Здравје

Бремените жени со дијабетес во Хрватска добиваат право на сензори за безболно мерење на шеќерот

Од 29 јануари бремените жени со дијабетес во Хрватска имаат право на сензори за безболно мерење на шеќерот во крвта.

Со препорака од доктор, Хрватскиот завод за здравствено осигурување (ХЗЗО) отсега обезбедува континуирани сензори за гликоза за сите бремени жени што користат инсулин, вклучително и оние со минимален број инјекции. Со оглед на тоа што во Хрватска годишно се евидентираат околу 4.000 бремености, мерката има ефект врз квалитетот на грижата за бремените жени со гестациски дијабетес и врз намалувањето на ризиците во бременоста.

Со ова значително се подигнува стандардот на здравствената заштита на бремените жени со шеќер во Хрватска, овозможувајќи им полесен пристап до технологија за континуирано и безболно следење на гликозата.

Оваа промена ќе им обезбеди на бремените жени:

Сигурност и превенција – континуираното следење овозможува побрзо приспособување на терапијата и го намалува ризикот од компликации за мајката и детето.

Прецизна дијагностика – сензорите откриваат „скриени“ скокови на шеќерот кои класичните апарати за мерење од крв тешко ги детектираат.

Економска оправданост – подобрата контрола ја намалува потребата од скапи дополнителни медицински интервенции, додека трошокот е ограничен на времетраењето на бременоста.

– Ова е важен исчекор кон современа грижа. Континуираното мерење ни овозможува многу порано да ги препознаеме ризичните обрасци и навремено да ги приспособиме исхраната и терапијата, што претставува вложување во здравјето на две генерации – истакна проф. д-р Марина Иванишевиќ, гинеколог од КБЦ Загреб.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top