Воспитување

Бредли Купер: „Сакам ќерка ми секогаш да се чувствува сакана“

Како повеќенаградуван актер со многу извонредни филмски остварувања, Бредли Купер е многу зафатен човек, но глумата не е неговата единствена работа.

Откако ја доби ќерката Леа, во март 2017 година, Купер е многу одговорен и во извршувањето на татковските должности.

– Водам независна предучилишна установа – се пошегува тој за еден познат магазин.

– Стануваме, па со ќерката имаме часови по пливање во када – додава тој.

Купер понекогаш работи на два филма одеднаш, така што неговиот распоред е многу сложен и ѝ припишува заслуга на својата ќерка што му помогнала да живее во моментот.

– Тоа што имам дете и што имам семејство – што е чудо и нешто за што отсекогаш сум сонувал – ме отвори, претпоставувам, уште повеќе да бидам присутен – вели тој.

Купер еднаш зборуваше за начинот на кој бил воспитан, велејќи дека како дете добивал многу љубов и дека на оваа основа се зближил со Лејди Гага бидејќи и двајцата потекнуваат од семејства со топли односи. Тој истакна дека сака неговата ќерка Леа да го има истото воспитување.

– Тоа е она што сакам да го има мојата ќерка – сакам таа секогаш да се чувствува сакана – вели тој.

Исто така, тој се пофали дека сака да гледа цртани филмови и дека може да си игра со играчки по цел ден, што ја прави неговата улога на татко едноставна.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top