Игротека

Бред Пит: „Не знаев колку можам да сакам до моментот кога го видов лицето на моите деца“

Во едно искрено интервју за „Асошиејтед прес“, Бред Пит зборуваше за трагата што ја оставиле неговите деца врз него.

– Децата се сè. Децата се вашиот живот. Тие го преземаат целиот фокус, како што и треба да биде – вели тој.

– Сакам да го следат она што го сакаат, да ги следат своите страсти и она за што се заинтересирани. Сакам кога го наоѓаат својот пат и наоѓаат работи за кои се заинтересирани, па на тој начин цветаат – додава Пит.

– Сите зборуваат за радоста кога ќе се добие дете. Но, никогаш не знаев колку можам да сакам до моментот кога го видов лицето на моите деца.

– Да се има деца го одзема фокусот од себеси, за што сум навистина благодарен. Уморен сум од размислувањето за себе. Чувствувате дека сакате да бидете до вашите деца и ништо да не пропуштите. Можете да напишете книга, да снимите филм, да насликате слика, но имањето деца е најнеобичното нешто што некогаш сум го направил.

– Делата зборуваат погласно од зборовите.

Извор

Поврзани написи

To top