Воспитување

Брачен советник открива знак кој покажува дека вашата врска умира

Брачниот советник Рик Нетшиозви открива дека постои јасен знак оти искрата во врската или бракот почнува полека да се гаси. Тој вели дека паровите кои престануваат да се допираат сигурно на крајот ќе раскинат.

„Еден од сигурните знаци за умирање на бракот е врската која е лишена од допири. Веќе не се гушкате и бакнувате или не го правите тоа толку често како порано. Можеби спиете на вашата страна од креветот и никогаш не ги допирате нозете на вашиот партнер. Тоа е пат кон раскинување“, истакнал тој.

Ако сакате да бидете сигурни дека работите навистина се менуваат, Рик советува да остварувате физички контакт со партнерот.

Watch on TikTok

„Ако тогаш забележите чудна енергија, тоа е симбол дека дефинитивно се оддалечувате“, објаснил тој.

Видеото на Рик е прегледано повеќе од 820 илјади пати и предизвикало различни реакции. Некои се пошегувале дека тоа е само јасен знак оти сакаме добро да спиеме, додека други веруваат дека тоа што го кажува не е вистина.

„Двајцата сме во педесеттите години и спиеме во различни соби бидејќи ‘рчиме. Не можам да се сетам кога последен пат сме се бакнале“, напишала една личност.

„Мојот брак беше таков и за малку ќе му ставевме крај“, коментирал друг.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top