Игротека

Божиќна реклама што нѐ потсетува колку е важно да бидеме со најмилите

Со доаѓањето на Божиќ, секоја година мислиме дека не може да се создадат поинтересни реклами од оние што биле направени минатиот Божиќ.

Но, божиќната приказна на „Оринџ“ го докажува спротивното. Во видеото е прикажан еден тажен Снешко кој едвај чека да дојде зимата за да се обедини со неговите најомилени личности – децата. Рекламата покажува колку се важни семејните собири и става акцент на обединувањето на семејството, особено по пандемијата.

– Овој Божиќ „Оринџ“ создаде кампања заедно со „Паблицис консеил“ во чест на божиќните обединувања по две години заклучување и долги месеци без да се видиме едни со други – пишуваат „Оринџ“.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top