Игротека

Божиќ со деца – очекувања наспроти реалност

Божиќ со деца родителите често го замислуваат како ден исполнет со прекрасни семејни моменти, постојана возбуда и блискост пред големиот ден. Иако е точно дека Божиќ најчесто останува ден што се памети, речиси никогаш не поминува онака како што сте го замислиле.

Очекувања: Ќе уживате во долг, опуштен ден со шолја топло какао, гледајќи божиќни цртани и филмови.

Децата ќе бидат весели, ќе си играат заедно во хармонија, а вие ќе уживате во уште еден убав празник што тече токму како што сте го замислиле.

Реалност: Одеднаш ве обзема вознемиреност кога ќе сфатите дека не сте купиле сè што ви треба за утрешниот ручек. Децата се хиперактивни поради поголемата количина слатки што одеднаш се насекаде околу вас.

Очекувања: Вашите деца радосно ќе ви помогнат да ги завиткате последните подароци за роднините.

Ќе ги слушате омилените божиќни песни и ќе пеете заедно, додека тие ви додаваат селотејп и украсна хартија и внимателно го ставаат секој подарок под елката.

Реалност: Децата почнуваат да се караат затоа што едното пее „погрешно“ или „премногу тивко“?!

Најстарото дете навистина ви помага околу виткањето на подароците, иако срцето ви прескокнува секојпат кога ќе посегне по ножиците. Помалото дете, пак, создава хаос и зема сè што не треба.

Очекувања: Ќе уживате во заедничко печење колачи пред да легнете. Ова го планирате со недели, сè е подготвено, децата се возбудени. Што може да тргне наопаку?

Реалност: Децата се толку возбудени што сè што прават погрешно, а вие чувствувате дека околу вас имате мали гремлини.

Очекувања: Откако децата ќе си легнат, ќе уживате во чаша вино, опуштени на каучот, гледајќи ги светилките на елката. Подароците ќе бидат завиткани, сè ќе биде подготвено за утрешниот ден, а вие ќе бидете среќни и задоволни од сработеното.

Реалност: Заборавивте дека Дедо Мраз треба да го донесе оној детски кујнски сет за играње, кој мора да биде составен и подготвен до утре.

Извор

Поврзани написи

To top