Бозелот со векови е добро позната лековита билка
Пред 2.400 години таткото на медицината – Хипократ ги препознал лековитите својства на бозелот. Ги користел и цветовите и плодот од бозел за лекување различни инфекции, а неговите поволни ефекти врз здравјето внимателно ги запишувал во своите списи (документи). Подоцна Гален, најпознатиот лекар од римското време, користел екстракт од бозел за лекување воспаление на дишните органи, а по Гален и многубројни познати и помалку познати лекари!
До појавата на антибиотиците бозелот бил дел од многуте лековити препарати, а може да се каже дека бил еден од темелите на традиционалната медицина – главна лековита билка за лекување воспаленија кои се проследени со висока температура.
Правени се многу студии во периодот од 2014 до 2019 година каде што биле утврдени дел од начините преку кои дејствуваат плодовите на бозелот. Како заклучок може да се каже дека механизмот на дејство на плодовите на црниот бозел може да биде:
– Директен – со блокирање на протеините на кои вирусите се закачуваат на клетката и на оние протеини што овозможуваат влез во клетката.
– Индиректен – со стимулација на продукција на цитокини, кои имаат улога во координација на различни видови клетки од имунолошкиот систем за што подобар одговор против навлезените патогени во организмот. По влезот на вирусот во клетката бозелот ја блокира репликацијата на вирусите во различни стадиуми на вирусната инфекција што значително ја зголемува можноста за запирање на вирусната инфекција.
Д-р Драгана Емел-Маркоска, педијатар
Содржи над 40 активни супстанции, од кои повеќето имаат лековити својства
Меѓу активните супстанции се добро познатите: флавоноиди (флавоноли, антоцијанини…), полифеноли (танини), минерални материи (вклучувајќи и железо), витамин Ц…
• Еден од тие флавоноиди што се наоѓаат во бозелот е cijanidin 3 sambubiocid, кој дејствува како инхибитор на невроминидазата. Инхибитор на невроминидазата е секој молекул што може да ја инхибира синтезата на ензимот вирусна невроминидаза. Вирусите, па меѓу нив и вирусите од корона-групата, го користат ензимот невроминидаза да се размножуваат во клетките, што значи со неговото инхибирање може да се запре развојот на инфекцијата.
И цветот и плодот се здрави – го стимулираат имунитетот во борба против вирусите!
Истражувањето од 2012 година покажало дека и цветот и плодот имаат слични ефекти и дека при обработка на цветот НЕ се уништуваат повеќето корисни ефекти! Уште подобар е ефектот на екстрактите од бозел кои се добиваат со фармако-технолошки процеси!
Екстрактот од бозел има силен антивирусен ефект, со зголемување на нивото на цитокини во организмот
Цитокините се супстанции кои учествуваат во формирањето на нашиот имунолошки одговор, исто така им помагаат на белите крвни зрнца во борба со различни микроорганизми.
На крајот е сосема јасно – постои целосно природен препарат кој содржи екстракт од бозел, а кој може да ни помогне да ги победиме актуелните вируси!
КОГА ЌЕ ВЕ НАПАДНЕ ВИРУС, НАМЕСТО ЛИМОН, ЗЕМЕТЕ БОЗЕЛ – ПОБРЗО ЌЕ ОЗДРАВИТЕ!
Автор: Д-р Драгана Емел-Маркоска, педијатар
912