Владиниот портпарол Миле Бошњаковски вели дека нема да се отстапува од донесените мерки по прогласената епидемија од морбили и оти од оваа учебна година нема да се запишуваат првачиња за кои нема да биде доставен картон за вакцинација.

– Вакцинацијата е задолжителна. Во прво одделение нема да можат да се запишат деца што не се вакцинирани. Во законот за основно образование, член 46, став 2 е јасно – рече Бошњаковски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за одлуките од редовната седница на Владата.

Тој потсети дека поради состојбата со морбилите, Владата прогласи епидемија на територија на целата држава и дека теренската вакцинација на Министерството за здравство се спроведува според планираната динамика и во тие активности има координација со Министерството за образование.

Истовремено потенцира дека основното образование е задолжително и оти децата треба и ќе одат на училиште.

Од Министерство за здравство информираат дека здравствените установи не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини.



912

X