Да се каже дека изминатите 18 месеци биле авантуристички за атлетичарката Макена Мајлер, би било потценувачки. Таа забременила на почетокот од минатата година и потоа на 10 октомври истрча една милја за 5 минути и 25 секунди – само 10 дена пред да ја роди ќерка си Кени лу.
До пролетта годинава Мајлер трчала 400 милји месечно, а во април почнала да се натпреварува во трки за да се квалификува за Олимпијадата. По неколку неуспешни обиди, се квалификувала на крајот од мај.
Била 14. од вкупно 44 атлетичари, па ги пропуштила Олимписките игри, но за помалку од 3 недели, на 14 јули, потпишала договор со „Асикс“. Со нејзиното деби како професионалец на маратонот „Десерт Њуз“ на 23 јули, таа победила и постигнала нов рекорд. Сето тоа доведува до оваа недела – нејзиниот сопруг Мајк создал и објавил видео на „Тик-ток“ со клипови од споменатите настани во изминатите 18 месеци, а видеото станало вирално на социјалните мрежи.
Автор: Рајан МекДоналд