Игротека

„Забранета прегратка“ – уште еден доказ за жртвата на медицинскиот персонал

Лекарите, техничарите, медицинските сестри, анестезиолозите, сите што го жртвуваат својот живот за да го спречат ширењето на епидемијата и да ги излекуваат луѓето заслужуваат голема почит.

Доволна е прегратка.

Неодамна се појави видео во кое болничарот Насер Али Ал-Шарани од Саудиска Арабија се враќа дома по напорната смена, а неговиот син трча во негова прегратка. За момент се чини дека таткото и синот ќе се прегрнат, но Ал-Шарани се сети дека се наоѓаат среде пандемија и дека не треба да има контакт со никој, па дури ни со своето дете.

Откако му покажал со рацете на синот дека не може да го прегрне, на снимката се гледа како паѓа на колена, а синот збунето го набљудува.

Извор

Поврзани написи

To top