Бојата на нашите очи може да покаже колку добро поднесуваме болка, негативни емоции или анксиозност. Меѓу другото, научниците велат дека можеме да предвидиме и колкав би бил нашиот праг на толеранција на болка за време на породувањето. И иако се можни безболни породувања, пореална опција е дека ќе доживеете одредено ниво на болка и непријатни сензации во текот на породувањето.

Се чини дека бојата на вашите очи може делумно да биде одговорна за тоа колку ќе биде изразена вашата породилна болка.

Имено, вкупно 58 трудници учествувале во истражување спроведено на Универзитетот во Питсбург, а врз основа на нивните резултати се покажало дека жените со светли очи, односно сини или зелени, полесно поднесуваат болка.

За разлика од нив, трудниците со потемни очи почувствувале многу поголемо олеснување кога примиле епидурална што, според научниците кои го воделе истражувањето, потврдува дека прагот на толеранција на болка им е нешто помал.

Исто така, истражувањата покажуваат дека мајките со сини очи помалку страдаат од анксиозност и постпородилна депресија отколку мајките со потемни очи. Иако се потребни повеќе истражувања за да се утврдат причините за овие податоци, се претпоставува дека може да биде вклучена и генетиката.

Извор



912

X