Конечно пристигнаа топлите денови и пред нас е цело лето. Децата завршија со училиштето и сите со нетрпение се подготвуваме за топлата сезона.
Кремовите за сончање со заштитен фактор, лесната облека и костимот за капење се на листата со неопходни работи. Кога купувате костим за капење за вашето дете ова лето, експертите велат дека треба да ја земете предвид и бојата, покрај големината и стилот.
„Алајв солушнс“, организација специјализирана за мерки за безбедност во вода, спровела тест во езеро и базен со бело дно. Во двата случаи било откриено дека неонските бои на костимите за капење полесно се забележуваат на длабочина од 50 сантиметри.
– Во експериментот на површината на водата беа поставени костими за капење со различни бои. Ги набљудувавме од брегот и од малку повисока позиција, симулирајќи ги условите во кои гледате дете од чамец или пристаниште – велат од „Алајв солушнс“.
Во тестот во базен, тимот споредувал костими за капење со различни бои под вода и симулирај ситуација во која дете во таков костим се бори да излезе на површина. Повторно се истакнаа неонските бои како розова, портокалова и жолта.
– Боите што беа најтешко забележливи беа белата и светлосината, а најдобриот избор се неонска розова и портокалова. Иако потемните бои добро се забележуваат во базен со светло дно, тие може да се помешаат со куп лисја, нечистотија или сенка, па држете се подалеку од тие бои. Исто така, запомнете дека светлите и контрасните бои ви помагаат подобро да ги забележите – советуваат од организацијата.
Американскиот Црвен крст препорачува секогаш да се избира компетентен „чувар“ чија единствена одговорност е да ги надгледува децата додека си играат во вода. Експертите велат дека трагедиите може да се случат кога групи возрасни претпоставуваат дека другиот внимава на децата.
912