Коти и Хејвен, шестгодишни близначки, се многу поврзани и често се однесуваат идентично. Нивната мајка Адреа Гарза прво мислела дека тоа е обична случајност, но со текот на времето забележала дека ваквите совпаѓања се случуваат премногу често за да бидат случајни.
Таа раскажува дека девојчињата секое утро се буделе во исто време, станувале заедно и понекогаш дури и плачеле во ист момент. Често барале ужина во исто време и знаеле да изговорат исти зборови истовремено.
Адреа одлучила да го сними тоа, а резултатот е видео што го открива нивното „телепатско“ разбирање. Во една од сцените Коти и Хејвен добиваат идентични коцки од различни бои и големини, а меѓу нив има преграда за да не можат да се гледаат. Сепак, секогаш избираат и покажуваат иста коцка.
– Никогаш не ми здосадува да ги гледам. Како што растат, така нивната поврзаност станува поочигледна, но сепак секоја развива своја личност – вели Адреа.