Детските бисери никогаш не се досадни – детската логика навистина е ненадминлива и забавна. Еве неколку такви:
*Повеќе ја сакам сестра ѝ на мама отколку својата! Таа барем ми е тетка, мојава ништо не ми е!
* Дали и мајките треба да јадат трева за да им тече млеко од градите?
* На Марс има живот. Но тоа е само хипотенуза.
* Израелците направиле златно теле бидејќи немале доволно злато за златна крава.
* Швајцарските крави претежно се користат за правење чоколадо.
* Жителите на Сардинија се викаат Сардини.
* За да биде добра, медицинската сестра мора да биде целосно стерилна.
* Докторите велат дека смртоносните болести се најтешки.
* Кога се роди моето помало братче, мораа да го стават во акумулатор.
* Пеперутката е инсект од семејството хеликоптери.
* Најкорисно животно е свињата. Од неа можеме сè да искористиме, месото однапред и одназад, кожата за чевли, влакната за четки и името за пцуење!
* Зоолошката градина е супер. Таму можеме да видиме и животни што не постојат.
* Животно осигурување се парите што ги земе оној што ќе преживее смртен случај.
* Не знам колку години имам, тоа постојано се менува.
* Многу се уплашив кога се разболи мама. Помислив дека тато ќе почне да ни готви.
* Сите кучиња сакаат вода. Некои дури и живеат во вода. Тоа се морските кучиња.
* Аквариум е мало стаклено море каде што живеат домашните рипчиња.
* Посвојувањето е многу подобра можност од раѓањето. Така родителите сами можат да си изберат дете и не мора да го прифатат токму она што го добиле.
* Папата живее во Вакуум.
* Не им се вика на мајките, тие се корисни.
* Јас повеќе немам баба, ја посадија на гробишта.
* Сите риби несат јајца, а руските дури и кавијар.
* Кравите не смеат брзо да трчаат бидејќи ќе им претече млекото.
* Кај нас мажите смеат да се оженат само со една жена. Тоа се вика монотонија.