Децата се полни со интересни прашања и толкувања на нештата кои навистина знаат да расположат. Детските толкувања и поврзувања знаат да бидат волшебни. Ова се дел од детските бисерчиња што ни ги испративте. Во прашалникот може да ни напишете нови, а ние ќе ги објавиме

Илина, 4 години
-Кога ќе се откаже овој коронавирусот? Ако не, ајде ние да го откажеме.

Каталеа, 2 години
-Дај баба лолонче (најлонче) не падне бебето.

Евгенија, 2 години
-Мамо, ушето ми е исклучено, ништо не слушам.

Георгина, 2 години
-Татааа оди бичи се (бричи се) боцкаш ко тактус (кактус).

Стефан, 4 години
-Стефан му вели на наш другар, кој воедно ни е и комшија и кој влезе во нашиот двор: „Ти гледаш вести?“
Другарот одговара: „Не, зошто?”
Стефан: „Гледам јас… Па на прес велат не се оди по гости и не треба групирање на повеќе од двајца“.

Дарија, 2 години
-Дарија: „Мамо, Џивџи е машко или женско?“
Мама: „Џивџи е женско“.
Дарија: „Леле, Џивџи ќе стане кокошка и ќе има многу џивџиња“.

Јана, 6 години
-Ја начекувам Јана како бара нешто во мојата чанта. Ѝ велам дека тоа не е убаво и дека не треба да се буричка во туѓи чанти. По неколку секунди размислување ми вели: „Па ова не е туѓа чанта, твоја е“.

Никола, 3 години
-Не можам да јадам, имам кактуси во грлото (го боли грлото).

Ана, 3 години
-Откако виде слика од коза на етикета од сок (од портокал): мамо, овој сок е од коза!

Натали, 2 години
-Баба: Да сварам чај од мајчина душичка?
Натали: Бабо, немој да пцуеш!

Алексија, 3 години
-Чарли Чаплин е Шапкин Шапкин
Закопчај ме е започкај ме.



912

X