Еден месец по раѓањето на третото дете, Моника Марфи почнала да се чувствува лошо. Ја совладал стресот.
„Мајка ми дојде да ми помогне утрово и можеше да види дека сум под стрес. Чувствувам притисок да се вратам во нормала по четири недели од породувањето“, напишала таа во сега веќе виралната објава на „Инстаграм“.
Иако закрепнувала по царски рез, мислела дека е време да стане и да ги преземе домашните работи. Нејзината мајка се обидела да ја убеди дека тоа воопшто не е потребно, а нејзините зборови ги снимила надзорната камера.
„Никогаш нема да се сеќаваат дали имале чиста куќа. Ќе се сеќаваат на тоа колку ги сакаш и колку време поминуваш со нив“, рекла мајка и на Моника пред да излезе од домот.
Кога ги слушнала тие зборови, Моника заплакала.
„Навистина ми требаше да го слушнам тоа и решив да го споделам на Инстаграм бидејќи знам дека и другите мајки треба да го чујат“, изјавила Моника Марфи.
912