Игротека

Биби в сабота ве чека во „Капитол мол“ да ви ја испее „Трепкај, трепкај, елкичке“

Дали знаете дека Биби знае и да пее? И тоа многу добро! Ќе ве увериме во тоа со новогодишната песничка „Трепкај, трепкај, елкиче“, која првпат ќе може да ја слушнете в сабота, во 18 часот, во „Капитол мол“ во Скопје. Песната ја создаде композиторот Ангел Ќосев, а текстот е на Билјана Црвенковска. Песната е снимена во студиото „Подрумот“.

Како дел од роденденската програма на „Капитол мол“, освен новогодишната песна на Биби, дечињата ќе можат и да се фотографираат со Биби и да цртаат во преубавите боенки на Биби.
Новогодишната песна на Биби в недела од 19 часот ќе има и официјална премиера на нејзиниот јутјуб-канал „Биби/Bibi“.
Со „Трепкај, трепкај, елкичке“ ви ја најавуваме и новогодишната сказна на Биби, чија премиера ќе биде на 30 декември во 19 часот.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top