Игротека

Биби на Саем: Игравме и учевме со друштвената „Игра на знаење“

Саемот на книгата е нашето место деновиве. Боиме, цртаме, читаме сказни, децата се среќаваат со авторите на нашите приказни. Од вчера во „Светот на Биби“ ни се придружи и демо-верзијата на друштвената „Игра на знаење“, која љубопитни дечиња ја тестираа. Не само што си поминаа убаво дружејќи се, но научија и многу нови работи. Играта има едукативно-забавен карактер. Ја промовираше авторката Билјана Црвенковска, која заедно со арт-директорот на проектот „Светот на Биби“, Михајло Димитриевски – Тхе Мичо и потпишуваа од делата.
И денеска ќе продолжиме да си играме. На третиот саемски ден, во 18 часот организираме натпревар „Игра на знаење“.
Погледнете како си поминавме.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top