Игротека

Биби ќе ви ја раскаже новата сказна „Боби и волшебниот молив“ в недела на нејзиниот јутјуб-канал


Си биле Боби, Биби и еден голем волшебен молив. Моливот умеел да зборува. Му побарал помош на Боби и му ветил дека ќе му исполни три желби. Кој излегол од моливот, ќе дознаете повеќе во новата сказна од „Светот на Биби“ – „Боби и волшебниот молив“. Премиерата на четвртата сказна на сезнајката Биби ќе биде в недела (3 февруари) во 19 часот на јутјуб-каналот Биби/Bibi.

Ајде да дознаеме повеќе за Боби, најдобриот другар на Биби! Гледајте ја „Боби и волшебниот молив“ и дознајте ја тајната на моливот и каков чуден пријател ќе запознае Боби во оваа приказна.
Автор на приказната е Билјана Црвенковска, режисер е Гоце Цветановски, а арт-директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо. Улогите ги толкуваат актерите Слаѓана Вујошевиќ и Сашко Коцев.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top