Игротека

Биби, Боби и џез-магија: Новогодишен концерт за целото семејство

Новогодишната музичка магија оваа година пристигнува во уште поголем сјај. Националниот џез-оркестар ќе одржи специјален детски концерт инспириран од омилената македонска серија за деца „Светот на Биби“. Концертот ќе биде под диригентската палка на еден од најценетите македонски музичари и диригенти – Џијан Емин, а сите композиции што ќе бидат изведени се дело на композиторот Ангел Ќосев, автор на музиката во серијата „Светот на Биби“.

Најавениот прв концерт, закажан на 14 декември 2025, во 11 часот, во Македонската филхармонија, беше распродаден за само два дена – што е уште една потврда за огромната љубов на публиката кон Биби и Боби.

Поради огромниот интерес, ќе има и втор концерт со почеток во 13:00 часот, со што уште повеќе деца и родители ќе имаат можност да уживаат во волшебното музичко доживување. Картите се во продажба ТУКА. Концертот ветува незаборавно искуство исполнето со насмевки, позитивна енергија и новогодишна магија.

Поврзани написи

To top