Воспитување

Пандемија: Колку се безбедни децата кога играат во мали групи

Препораките се од д-р Рино Августинијани, заменик-претседател на Италијанскиот совет на педијатри.

Со оглед на тоа што ќе биде објективно поразлично ова лето од другите, меѓу родителите што имаат мали деца се јавуваат прашања поврзани со безбедните релаксирачки моменти поминати на одмор со малите деца и потребната превенција од ширењето на Ковид-19. Д-р Рино Августинијани ги разјаснува работите.

Тој зборува за безбедноста на децата при играње во мали групи, дека е подобра ако е хомогена. На овој начин, всушност, е можно да се минимизира присуството на носители на вирусот, а ако дојде до појава на позитивни случаи, полесно се идентификуваат контактите. Според него, нема проблем во однос на јадење ужини и дома и на плажа под чадор сè додека не ја занемарите хигиената на рацете и не се концентрирате на одржувањето социјална дистанца.

Лекарот, чии препораки за летните денови на децата биле објавени на веб-страниците „АНСА“, потенцира дека е подобро да се потпреме на споменатата практика отколку да се фокусираме само на чувството за безбедност кое вклучува носење маска.

Една тема на која се фокусира експертот е барањата на децата од родителите да си играат со други деца. Лекарот препорачува балансирање на сето ова, повторувајќи дека летото чека на нас и треба да преземеме одредени мерки. Со оглед на фактот дека ситуацијата што ја доживуваме ќе се одвива и во следните месеци, експертот им сугерира на родителите да разговараат со своите деца на што појасен начин и да се избегнува фокусирање на „теророт“ од ситуацијата.

Потоа повторува дека одењето на плажа ќе биде безбедно ова лето бидејќи инфекциите и трансмисијата на Ковид-19 се помалку опасни отколку во зима, кога поголемиот дел од времето сме во затворени простории каде што има поголема влажност.

Ситуацијата во летните месеци е различна: како што потенцира Августинијани, отворените простори и климатските карактеристики во овој период ги прават капките што вршат трансмисија на вирусот уште потешки. Тој уште еднаш ја потенцира важноста на миењето на рацете и растојанието помеѓу чадорите, но и дека не е во ред да им се забранува на децата да играат со своите врсници и дека е соодветно да се даде простор на здравиот разум, преку ширење на препораките – да не се допираат очите често и да се избегнува да се допира устата со рацете.

Автор: Иларија Бараброса

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top