Безбедноста на бебето е многу важна и треба целосно да внимавате и секогаш да бидете претпазливи малку повеќе.
Добар сон
– Погрижете се на вашето бебе никогаш да не му е премногу жешко. Температурата во просторијата во која спие вашето бебе не треба да биде повисока од 21°C. За да знаете каква е температурата во просторијата во секое време, купете термометар.
– Ако вашето бебе се поти или стомачето му е многу жешко, можеби сте го облекле или сте го покриле премногу. И не грижете се ако рацете и нозете му се малку ладни – тоа е нормално.
Добро е што новороденчето спие со вас во собата првите шест месеци. Но, погрижете се да спие во сопственото креветче, на грб, така што неговите стапала да ја допираат долната страна на креветчето.
– Чаршафот мора да биде добро затегнат и прицврстен под душекот, така што бебето во никој случај да не може да го повлече преку лицето.
– Додека бебето е прилично мало, никогаш не користете перница и јорган бидејќи тоа го зголемува ризикот од задушување.
Добро здравје
Ако се чини дека вашето бебе има треска, измерете му ја температурата со дигитален термометар. Измерено под раката, нормалната температура е 36°C, а во задникот 37°C. Ако вашето новороденче има температура повисока од 38°C, побарајте лекарска помош.
Кога треба да се загрижите
Ако вашето бебе плаче, ниту вие нема да се чувствувате добро. Понекогаш тоа е само плачење, но може да биде и предупредување дека нешто не е во ред. Најдобро ќе постапите ако го следите вашиот инстинкт. Ако имате чувство дека вашето бебе ви кажува оти нешто не е во ред, обидете се да ја пронајдете причината за неговото плачење.

Веднаш побарајте лекарска помош ако:
-плачењето трае невообичаено долго, а бебето го губи здивот
-бебето изгледа отсутно и рамнодушно
-има висока температура, а рацете и нозете му се заледени
-има исип кој не поминува
-повраќа во млазови или повраќа крв.