Воспитување

„Бев сам дома и јадев сладолед на стапче – мојата светла точка во 2020 година“

На почетокот од ноември 2020, само што излегов од туширање и видов дека сум дома сам. Седев така и се обидував да најдам смисла во тишината, нешто што го немав искусено… па… веројатно од март. Или барем верувам дека беше март. Потоа светот се затвори, а мојата работа беше пренесена дома, а исто така и на сопругата, додека моите деца учеа онлајн. Смешно е, бидејќи како татко на 3 деца, ќе кажам дека да бидам сам е нешто по кое копнеев уште од 2007 година, откако се роди синот. И да, знам дека повеќето татковци имаат повеќе време да бидат сами отколку мајките, па сакам да им оддадам признание сега. Кога мојата сопруга беше невработена, пред да почне да предава во училиштето на децата, изгледаше како секој ден да го поминува со нашите деца додека ползеа по неа. Поголемиот дел од времето сакаше да биде во меур, сама.

Но, ако се прави споредба помеѓу тоа кој добива повеќе време да биде сам, мајката или таткото, тогаш нема да ја доловам поентата на текстов. Не сакам ова да биде натпревар. Она што сакам да го кажам е дека во 2020 година, но и сè уште, додека целото семејство работи и учи од дома, да бидеме сами не е нешто во кое навистина уживаме – тоа е ретко комодитет кој изгледа дека е тешко да се најде. Тоа е загубениот град Атлантида. Сега, со заканата од Ковид-19, нема носење на децата во игротеки. Нема носење на децата на роденденска забава, јавен базен и слично. Нема одење на излети покрај река и слично, освен ако не сакаме само да „скитаме“ по дожд. Мојот дом е „жив“ неред од играчки, грицки, користени садови за житарица и отворени лаптопи.

Еднаш неделно ја испраќам сопругата Мел во нашата спална соба. Таа ја затвора вратата и поминува неколку часа насамо. Го прави истото и за мене и да бидам искрен, тие неколку часа се магични. Но, не е исто како да ја имате куќата само за себе. Не е исто како да ја слушате длабоката тишина без повремено расправање или трескање врати. Никој не бара ужина или не ја треска вратата од собите затоа што бара повеќе време пред екраните. Па кога излегов од туширање, сфатив дека сум дома сам и искрено не знаев што да правам со таа тишина – не знаев како да ја искористам. Не знаев каде е семејството. Дел од мене не се ни грижеше каде се – сакав само да ја почувствувам тишината, мирот во домот.


Се исушив, облеков долна облека. Мислев да нафрлам уште некое парче облека, но не знаев колку долго ќе бидам сам, а не сакав да ги потрошам залудно тие моменти. Се прашував што да правам со тоа слободно време. Се обидов да смислам нешто, можеби да гледам некакво шоу на телефонот, или да се јавам и да зборувам без прекин со пријател. Наместо тоа, го направив најрационалното нешто за возрасен човек во таква ситуација. Зедов сладолед од фрижидерот, седнав на кујнската маса и ја слушав тишината. Знам, не е нешто прекрасно средовечен татко во долна облека да јаде сладолед на стапче. Да бидам искрен, најдобро е да не замислувате. Само да сфатите дека се случило и мене ми беше неверојатно.

Сè на сè, бев сам дома околу 30 минути. Мојата сопруга и трите деца дојдоа дома, одлучиле да прошетаат низ соседството бидејќи престанало да врне и не сакале да ме чекаат бидејќи во Орегон каде што живеам, во овој период од годината таквите ситуации не се случуваат често. Но, искрено, бев благодарен за тоа. Бидејќи реалноста е дека – тоа време беше светлата точка во 2020 година за мене.

Автор: Клинт Едвардс

Извор

Поврзани написи

To top