Голема вистина е дека сите ние имаме феноменални идеи за родителството пред да станеме родители. Знаеме што нема да правиме, знаеме што сакаме, сигурни сме дека не би направиле некои работи под никакви околности. Некои од овие идеи се многу возвишени, но кога имаме деца, стануваме свесни дека многу работи се надвор од наша контрола.
Родителството нè тера да се запрашаме што се случи со решителноста што некогаш нè красеше, каде се правилата за рутините за спиење, времето на екранот и исхраната на децата. Затоа, мајките често се смеат од срце кога слушаат како идните мајки ги изразуваат своите желби, очекувања и цврсти одлуки.
Британската комичарка Карла Фримен го опиша своето универзално искуство во урнебесно вирално тик-ток видео насловено: „Пред бебето/по бебето“. Во првата сцена комичарката вели: – Нема да има пластични играчки во куќата, а веднаш потоа се гледа како истура корпа со пластични играчки на подот.
Потоа таа вели: – Нема време пред екранот, за веднаш да видиме сцена од неа и нејзиното дете како гледаат „Патролни шепи“.
Органската храна приготвена од неа станува похувани стапчиња од риба. Исто така, комичарката истакнува дека порано мислела дека играта надвор е храна за душата, а сега ги лаже децата дека не може да ги однесе во паркот бидејќи е затворен.
Некогаш била категорична дека никогаш нема да им зборува на децата против нивниот татко, но денес користи пасивно-агресивни изјави како: – Тато ќе те легне оти беше на телефон два часа.
Фримен признава и дека користи емоционална уцена за нејзините деца да бидат послушни и зборува на телефон пред нив – две работи за кои мислела дека никогаш нема да ги направи.
Нејзиното видео е прегледано 3,4 милиони пати, а голем дел од луѓето изјавија дека се поистоветуваат со неа.
– Бев најдобрата мајка пред навистина да станам мајка – вели една интернет-корисничка.
@carlafreemancomedy Pre baby/ Post baby. #truestory #mumlife #comdy ♬ original sound – Carla Freeman
912