За родителите е голем момент кога детето ќе го каже својот прв збор. Овој момент обично се чека околу една година по раѓањето на бебето. А кога бебето гледа гордост и среќа во очите на своите родители, тогаш и тоа ја чувствува истата среќа.

Но, понекогаш некои родители чекаат многу подолго од таа прва година за нивното дете да прозборува. Ова најчесто се родителите на деца со аутизам кои веројатно чекаат многу подолго од другите родители. Поради овој факт, среќата што во тој момент ја чувствуваат родителите, но и детето е уште поголема, а гордоста на детето што ќе успее да го каже тој збор, два, три, расте до небото.

Околу четвртина од луѓето со нарушување од спектарот на аутизам се невербални. Токму овој недостиг на комуникација, односно неможноста да се комуницира со детето, е многу фрустрирачки за детето и за родителот. Се разбира, секој родител сака да комуницира со своето дете и сака детето да може да комуницира со другите деца.

Затоа, за родителите е важен тој прв збор. Фотографката Хејли Мекгваер на „Тик-ток“ го споделила достигнувањето на нејзиниот петгодишен аутистичен син, односно моментот кога момчето го кажува својот прв збор.

@haley_mcguire We love you, Micah 💙 #autisim #autistiktok #fyp #learningtospeak ♬ Iris – Natalie Taylor
@haley_mcguire Micah 💙 #autisim #speak #ohio #words #proudparents ♬ original sound – Haley McGuire

Извор



912

X