Белградската филхармонија започнува со концерти за најмладата публика. Имено, концертите ќе бидат наменети за деца до 2-годишна возраст, а ќе се одржуваат до 14 февруари, со два термини дневно – 11 и 12 и 30 часот.
На дечињата ќе им биде отсвирена „Првата симфонија“ на Бетовен.
Билетите се веќе во претпродажба, за најмалата и најслатката публика на филхармонијата. Инаку, еден билет е валиден за едно бебе и неговиот придружник.
-Се радуваме што ќе ве видиме – велат од Белградската филхармонија.