Воспитување

Бејби бум: Противпожарната служба во Аризона им посака добредојде на 19 бебиња од 18 пожарникари во 2024 година

Противпожарната служба во Аризона прослави „бејби бум“ момент со специјална фотосесија, откако 18 нејзини пожарникари пречекаа 19 бебиња во 2024 година.

На почетокот на овој месец пожарникарскиот оддел „Чендлер“ бил домаќин на собир за членовите на својот тим и нивните семејства, кои позирале за преслатки групни фотографии со нивните новороденчиња. Говорејќи за „Добро утро Америка“, Џек Бернард, инженер во одделот и татко на ќерката Џерси Џун, споделил дека идејата за фотосесијата потекнува од неговата свршеница Лекси Фридман.

Бернард, кој го добил своето прво дете со Фридман во јуни, споменал дека со толку многу нови родители во одделот, тие создале групен разговор за споделување новости и совети. Бернард ја опишал Џерси како „благослов во нашите животи“.

Според Бернард, од 18. пожарникари што добиле бебиња, еден имал близнаци, а најмладиот е роден на почетокот на декември.

Блас Манор, шефот за односи со јавноста на одделот, споделил дека прославувањето на 19. раѓања во 2024 година помогнало да се поттикне силно чувство за заедница во одделот. Во неговите 24 години работа поминати во одделот, Манор изјавил дека никогаш не видел ваков „бејби бум“.

фотоизвор: Good morning America/screenshot

Како што одделот станува помлад бидејќи постарите членови се пензионираат, па се вработуваат нови, Манор додал дека очекува бројот на семејства да продолжи да расте.

Размислувајќи за фотосесијата, Бернард објаснил дека собирот бил особено значаен за него и за неговите колеги, особено откако се соочуваат со некои интензивни и трауматични ситуации на работа.

Автор: Шафик Наџиб

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top