Кога ќе се загледате во очите на бебето, ви се чини дека е неможно да се открие што се случува во тие мали главички. Меѓутоа, истражувањето покажува дека вашето малечко многу добро знае што се случува во вашата глава.
Доенчето постојано го скенира светот околу себе и следи што се случува, а децата помали од осум месеци ги следат обрасците што се повторуваат, покажува ново истражување што минатиот јули беше објавено во списанието Infancy. Важно е доследно да се прави нештото три или четирипати по ред, велат научниците. На пример, ако неколкупати по ред земете јаболко од садот за овошје, бебето тоа ќе го протолкува како да сакате јаболко. Ако направите нешто друго, на пример, ако земете круша, детето нема да го сфати тоа како да е нешто важно.
„Со други зборови, ако ја прекинете рутината, тие знаат дека тоа не ви се допаѓа“, истакнува Јијан Лео, ководител на истражувањето и вонреден професор по психологија на Универзитетот на Мисури-Колумбија.
Оваа најнова студија покажува дека малите деца сепак се способни да гледаат и туѓа перспектива иако досега главно се веруваше дека децата го сфаќаат тоа дури на возраст од четири години. Претходните истражувања покажуваа дека бебињата можат да ги „читаат“ другите луѓе дури на 18 месеци. Научниците се надеваат дека во иднина подобро ќе истражат како бебињата ги перципираат изборите на другите луѓе во однос на возрасните лица.
Не е едноставно да се истражува детскиот свет, не можете на бебињата да им дадете да пополнат анкета. Па така научниците мора да набљудуваат и да го анализираат тоа што го виделе. Тие проучувале бебиња додека гледале жена како зема кадифена играчка, пајче или куче, и ја гледале 50 отсто повеќе кога отстапувала од примерокот. Со други зборови: бебињата многу повеќе обрануваат внимание на вас отколку што мислите.