Нова година за Севернокорејците претставува нешто повеќе…
Илјадници години Корејците имаат поразличен начин на сметање на староста во споредба со остатокот од светот. Во Кореја сите жители полнат една година повеќе на Нова година, а не на нивниот реален роденден.
Освен тоа, кога бебето се раѓа, се смета дека веќе има една година бидејќи речиси толкав период поминало во стомакот на мајката. Па така, новороденчињата во Северна Кореја со самото раѓање веќе имаат една година. Доколку се случи да се родиле на 31 декември, веќе на 1 јануари, како и сите други жители на Кореја, ќе добијат уште една година и ќе станат двегодишни деца, со само два дена реална старост.
Она што е многу интересно е дека тие се практично една година постари од бебињата родени на 1 јануари, што во Кореја има своја важност. Секоја помлада генерација со уважување и почит мора да им се обраќа на постарите од себе, без разлика дали се работи за еден ден, во однос на овој случај, корејски речено, за една година разлика во староста.
Во секој случај, во Северна Кореја, Новата година не е само колективно случување како во остатокот на светот, туку на извесен начин и индивидуален, бидејќи секој поединец го слави својот роденден. Со оглед на тоа дека Кореја негува колективистички вредности, повеќето нејзини жители повеќе ја вреднуваат Нова година, кога всушност полнат година повеќе и на сите им е роденден, од реалниот датум на раѓање. Прославите на датумите на раѓање се поретки и се случуваат обично за јубилеи.