Слатки, мили и љубопитни штом ќе се родат, бебињата се во најмала рака неверојатни. Бебето може да ви го разубави денот, да ви го стопи срцето со својата насмевка и да отвори сосема нова перспектива на животот. Но, ние веќе знаеме речиси сè за бебињата. Она што можеби не го знаете е дека бебињата не само што се слатки, туку се полни со разни изненадувања. Затоа, овие 16 интересни факти за првата година од животот на вашето бебе сигурно ќе ве воодушеват.
Бебињата се родени за танцување
Истражувањата докажаа дека бебињата се раѓаат со вродено чувство за ритам. Иако можеби сè уште не можат да го совладаат движењето, се покажало дека имаат инстинктивна способност да реагираат на ритамот и темпото на музиката, па дури и ритамот им е поинтересен од говорот.
Новороденчињата се одлични во вода
Бебињата се раѓаат со „нуркачки рефлекс“ што предизвикува нивното тело природно да се приспособи на околината кога се потопени во вода. Срцевиот ритам на бебето ќе се забави и тоа инстинктивно ќе го задржува здивот кога е под вода. Како и рибите, бебињата всушност можат да дишат и да голтаат во исто време првите неколку месеци од својот живот. Оваа вештина ја совладале уште во утробата, но почнуваат да ја забораваат околу 6-тиот месец од животот.
Бебињата се раѓаат со 300 коски
Тоа се дури 94 коски повеќе отколку што имаат возрасните. Каде исчезнуваат за време на развојот, се прашувате. Тие се спојуваат во поголеми коски.
Само човечките бебиња се насмевнуваат
Тоа е точно. Човечките доенчиња се единствениот вид што им се насмевнува на своите родители. Зарем не сме благословени?
Нивните колена се направени од ‘рскавица
Имено, колената на новороденчињата се целосно изградени од ‘рскавица, т.е. од истото ткиво што ги сочинува носот и ушите на возрасните. Всушност, пателата на бебето не се развива во тврда коска додека детето не влезе во предучилишна возраст (помеѓу три и пет години).
Бебињата во првата година трошат околу 3.000 пелени
Тоа значи големо празнење на цревата. И МНОГУ марамчиња! Она што е уште поневеројатно е што новороденчињата обично уринираат на секои 20 минути додека нивниот мочен меур не почне да се развива. Добро е што пелените толку впиваат, нели?
Доенчињата прво ја препознаваат црвената боја
Некои експерти веруваат дека новороденчињата можат да гледаат само црно, бело и сиво, додека други тврдат дека можат да гледаат различни нијанси, но тие се матни. Сепак, првата боја што ја препознаваат е црвената. Последните бои? Сина и виолетова.
Бебињата растат со огромна брзина
Бебињата ја удвојуваат родилната тежина за пет месеци и тројно ја зголемуваат до првата година од животот.
Секој месец растат од 1 до 1,5 см
Ако продолжуваа да растат со ова темпо, до полнолетството бебињата би пораснале до 51 метар!
Новороденчињата немаат солзи
Да, новородените бебиња плачат, но тие немаат вистински солзи додека не наполнат три недели.
Нивниот стомак е со големина на орев
Тоа е лудо! Не е ни чудно што постојано бараат да јадат.
Бебињата ја губат косата со која се родени
И тоа обично на возраст од четири месеци. Како што им опаѓа косата со која се родени, така никнува сосема нова коса.
Бебињата спијат во просек по 5.400 часа во текот на првата година од животот
Со оглед на тоа дека годината има само 8.760 часа, ова изгледа МНОГУ! Но запомнете, бебињата спијат само неколку часа поврзани, особено во првите три месеци.
Бебињата ќе ви „одземат“ приближно 44 дена сон
И тоа само во првата година од животот. За среќа, тие се неодоливи!

Препознаваат само слатко и кисело од вкусовите
Солта не е вклучена во равенката до 4-тиот месец од животот.
Доенчињата не се многу пропорционални
Веројатно сте забележале дека тестисите на вашето момче биле особено изразени по раѓањето. Како што тие се намалуваат, главата и очите ќе останат поголеми во текот на првата година. Главата на новороденчето е 1/4 од должината на неговото тело, додека черепот на возрасен е околу 1/7 од вкупната должина на телото.
А очите на бебето? Тие се веќе 75 проценти од големината на очите на возрасен.