Ништо не може да се спореди со чувството на топлина и заштита што детето го чувствува кога е прегрнато! Цврстата прегратка може да го промени расположението на секого бидејќи прави да се чувствувате сакани, безбедни и единствени.

Науката вели дека токму оваа прегратка ги прави децата попаметни. Токму со помош на прегратката детскиот мозок се развива подобро. Според истражувачите, децата што почесто се гушкани се попаметни.

Бебињата и нивниот мозочен развој преку допир

Учењето вклучува читање, аритметика и многу други процеси. Уште како бебиња почнуваме да учиме и да истражуваме со допирање на сè. Од петте сетила, допирот е првото сетило што се развива. Со негова помош новороденчето прво се води во овој нов, непознат свет. Д-р Сузан Кроу, акушер и директор на детската болница „Лусил Пакард“, ги опишува деветте инстинктивни фази на развој веднаш по раѓањето на бебето. Штом тоа е физички возможно, треба да се примени контакт кожа на кожа помеѓу мајката и бебето и треба бебето да се насочи да цица.

Самото држење на новороденчето в раце првиот час може да помогне во нормализирањето на телесната температура, отчукувањата на срцето и дишењето. Исто така, многу бебиња престануваат да плачат веднаш штом ќе се најдат до нивната мајка. Во исто време, мајката ослободува повеќе хормони за релаксација. Ако и таткото го држи бебето, ќе се создаде длабока врска меѓу нив.

Придобивките од масажата за бебиња

Масажата за бебиња може да се користи за зајакнување на врската бебе-родител. Според Морин Мекафри, инструктор за педијатриска масажа во детската болница „Пакард“, овие придобивки се:

  • Многу подобар сон;
  • Детето е посвесно дека е сакано и прифатено;
  • Подобрување на варењето на храната;
  • Побрзо зголемувањето на телесната тежина на бебето;
  • Мајката и детето се порелаксирани;
  • Невролошката функција кај бебињата се подобрува;

Друго истражување, спроведено на Универзитетот во Вашингтон, имаше цел да ја лоцира областа на мозокот каде што бебињата регистрираат и „чувствуваат“ и „гледаат“ допир. Ова истражување докажува дека бебињата можат да прават разлика помеѓу вистински физички допир. Истражувањето покажало дека до седум месеци бебето не може да го разбере концептот „јас“ и дека неговото тело е одвоено од друга личност, поради што прегратката со мама е толку важна за неговиот развој.

Извор



912

X