Не е чудно што бебињата родени во октомври – месец на топли бои и пријатно време – се среќни и духовити. Меѓутоа, бебињата родени во октомври може да се и прилично тврдоглави, но тоа не е секогаш лошо бидејќи тврдоглавоста се однесува и на упорноста, што отвора можност за успешна кариера кога ќе бидат возрасни. Следуваат неколку факти за децата родени во октомври.
Кога се зборува од астролошки аспект, овие деца имаат дури два камена, а мораме да признаеме дека се прекрасни: турмалин и опал. Каменот турмалин симболизира емпатија и добар карактер, додека опалот претставува верност и надеж. Цветот кој ги одбележува лицата родени во октомври е невенот, а неговата симболика е светлина и воскреснување, а да не зборуваме на неговите лековити својства за кожата. Октомвриските бебиња се ваги или скорпии. Вагите никогаш не се на едно место, полни се со енергија и подготвени за предизвици, но за некои одлуки размислуваат со денови и буквално „вагаат“. Бебињата скорпии се многу интензивни, емоционални и страсни за сѐ, никогаш не се откажуваат додека не го добијат она што го сакаат.
Веќе се присутни на главните забави
Раѓањето на детето во октомври е еден од најголемите благослови за престојните празници и случки, Божиќ или Нова година. Бидејќи времето е пријатно во поголем дел, можете да одите и на првите прошетки со детето.
Вредни, тврдоглави и амбициозни, овие деца сигурно во иднина ќе имаат одлична кариера.
Полесно доење
Не се работи за тоа дека овие бебиња се раѓаат со некоја посебна мудрост врзана со доењето. Сите бебиња рефлексно цицаат. Но, има нешто друго. Доењето во топлите летни месеци е прилично напорно, мајката се поти, млекото во текот на првите неколку недели тече на сите страни, а во октомври температурите се соодветни, па новото искуство не е толку тешко.
Помалку депресија, повеќе витамин Де
Баш како и бебињата во септември, децата родени во октомври имаат помал ризик од депресија. Според истражување од 2012 година, октомвриските деца се посилни физички и психички. А зошто? Па мајките во текот на бременоста се изложени на сонце, а нивното тело тогаш им ја обезбедува на бебињата највисоката доза на овој витамин.
Среќници кои ги слават родендените на училиште
Повеќето деца обожаваат прослава на роденден на училиште. А октомвриските деца имаат можност да го прослават најсреќниот ден со своите врсници.

Вистински спортисти
Вашето бебе можеби нема да биде иден претседател, но ќе биде добар спортист. Доволната доза на витамин Де во текот на бременоста на мајката, на овие бебиња им обезбедува добар развој на коските и мускулите, што е предуслов за добра моторика.
Многу славни личности се родени во октомври
Вашето бебе го прославува роденденот во месецот кога го слават/славеле некои познати музичари, актери и уметници: Пабло Пикасо, Џон Ленон, Бил Гејтс, Мет Дејмон, Кејт Винслет, Џулија Робертс.
Големи шармери
Не можете да им одолеете. Овие деца обично знаат да добијат од родителите сѐ што ќе посакаат. Ако терминот за породување ви е во октомври, подгответе се да станете џубокс за исполнување желби. Секое дете е посебно, а овие фасицинантни факти се темелат на општите податоци и теории, но се разбира не се нужно вистински баш за сите октомвриски деца. Родените во октомври би можеле да имаат одредени предности во однос на другите во спортот или политиката, а склони се кон уметничко изразување и креативно мислење. Во секој случај, со вашите мали есенски бебиња никогаш нема да ви биде здодевно.
Автор: Сања Маташиќ