Иако можеби се чини дека не е многу забавно да имате роденден во месецот кога се чека новата година, бидејќи тоа значи еден подарок за сите пригоди, постојат неколку предности за бебињата родени во последниот месец од годината, велат различни научни истражувања.

Најдоброто е тоа што овие бебиња живеат подолго, пишува британски „Сан“.

Според едно истражување, ако бебињата се родени во последниот месец од годината, тоа значи дека имаат поголема веројатност да ја доживеат 100-тата година, а можеби и повеќе.

Во истражувањето се вели: „Бебињата родени во декември имаат поголема веројатност да ја доживеат 105-тата година во споредба со бебињата родени во јуни.

Исто така, овие бебиња израснуваат во подобри луѓе. Истражување спроведено на студенти во Америка открива дека луѓето родени во декември помалку се жалат од другите и се помалку склони кон промени во расположението.

Освен тоа, овие бебиња се и поздрави. Истражување спроведено на 1.749.000 луѓе од САД вели дека бебињата родени во декември имаат понизок ризик од кардиоваскуларни болести. Според главниот истражувач, наодите се сведуваат на сезонски варијации.

Истражувањето покажа и дека бебињата родени во декември се предодредени да станат стоматолози.

Истражувачите од Канцеларијата за национална статистика откриле статистичка врска помеѓу месецот на раѓање и одредени професии. Бебињата родени во декември се и природно родени спортисти. Очигледно, овие бебиња биле поизложени на витамин Д во текот на бременост на мајките.

Освен тоа, декемвриските бебиња се и утрински луѓе. Истражувањата објавени во Националната библиотека за медицина откриваат дека бебињата родени во декември имаат поголема веројатност да си легнуваат подоцна и да стануваат порано наутро.



912

X