Здравје

Бебињата хранети со шишенце не се помалку поврзани со мајката во споредба со оние што се доени

Многу експерти за постнатално здравје долго време се залагаат за доењето како подобра опција за хранење на детето во споредба со хранење со шише, за да се подобри односот родител-дете.

Но, новото истражување спроведено од Универзитетот „Линколн“ покажало дека мајките што ја користеле методата за хранење со шише развиле силни врски со своите деца, исто како и мајките што доеле.

Прашалниците биле пополнети од 3.000 мајки, кои биле прашани за знаци на тегоби и анксиозност, како и за индикатори за позитивниот однос помеѓу дете-родител. Не е пронајден показател за посилна поврзаност кај мајките што дојат. Истражувачката Абигејл Дејвис изјавила: „Сегашната литература се заснова на идејата дека доењето го олеснува поврзувањето. Нашата студија е конзистентна со неколку емпириски студии кои не ја покажуваат таа поврзаност.“

Како и да е, тоа влијае врз врзувањето бидејќи доењето е природен начин мајките да ги снабдуваат своите бебиња со сета храна што им е потребна во првите месеци од животот. Доењето може да им помогне на мајките побрзо да закрепнат од породувањето.

Американската академија за педијатрија (ААП) и Светската здравствена организација (СЗО) препорачуваат исклучиво доење во првите шест месеци од животот на детето.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top