Бебе родено со само 700 грама во средината на петтиот месец од бременоста на мајката на Клиниката за гинекологија, повеќе не е во инкубатор. Ова бебе сега има два килограма.
– Тоа силно и храбро ги помина сите премрежиња заедно со сестрите и докторите од интензивната нега на клиниката. Ќе биде забележано како прво преживеано бебе родено во 23. недела. Од почетокот на оваа недела момчето дише самостојно, редовно се храни, а веќе е научено на прегратки – информираат од клиниката.
Бебето поминало 100 дена на клиника.
– Името ќе го добие дома, а тука го нарекуваат „миленикот“ – велат од клиниката.
912