Се сеќавам кога секој од вас се роди, моментот кога ве држев во прегратка, знаев дека ќе сторам се што е во моја моќ за да бидете безбедни. Дури и за време на бременоста, ги следев советите на мојот лекар за вие да имате здрав почеток на животот уште од периодот во утробата. Престанав да користам регуларна сол, и пиев повеќе вода. Ги земав витамините.
Кога бевте бебиња, се осигурав никогаш да не пропуштите редовен преглед и постојано се водев по календарот за имунизација. Кога се разболувавте, ве набљудував постојано. Ако не ви беше подобро, одевме на педијатар. Ги следев советите и насоките на лекарите, ви ги давав препишаните антибиотици и ве одржував хидрирани. Благодарение на модерната медицина, вашите детски болести лесно ги надминавме. Како што растевте, желбата да ве одржувам безбедни остана постојана моја грижа. Ве учев да ја држите мојата рака на паркинзи, никогаш да не одите никаде со странци и ве учев на совети за чување од пожари. Како тинејџери, ве учев да бидете безбедни возачи. Се сеќавам колку бев нервозна првите неколку пати кога возевте сами. Се сеќавам дека се грижев кога дојдовте подоцна дома од договореното време, а јас не знаев каде сте. Правилата секогаш постоеја за вие безбедно да транзитирате во возрасниот свет.
А сега кога сте возрасни, ваша работа е да се заштитувате и да бидете здрави. Не можам јас повеќе да ги носам тие одлуки наместо вас. Но, имам едно барање од вас. Сега треба и вие да направите нешто за јас да бидам безбедна. Вакцинирајте се против Ковид-19. Не сум млада и здрава како вас. Ризикот за мене е поголем отколку ризикот за вас. И иако ја добив мојата вакцина, и е 95 отсто ефикасна, што ако? Што ако се заразам повторно и вие сте тие кои ќе ме заразите или се зарази некој од родителите на вашите пријатели, или некое дете кое е премногу младо за да се вакцинира? Што ако цената за тоа лице е неговиот живот?

Како и имунизацијата која јас се осигурав да ја добиете додека бевте мали за да бидете здрави, сега јас барам вие истото да го сторите за мене. Ако се плашите од било која причина, разговарајте со вашиот лекар. Зборувајте со повеќе лекари. Добијте ги информациите од професионалците кои ги знаете и им верувате. Професионалните кај кои одите кога имате инфекција на синусите и скршена коска. Добијте ги информациите од професионалците на кои би им се обраќатиле кога би имале живото-загрозувачка состојба. Модерната медицина не е совршена, но никој од нас бе треба да избере да се врати во времето кога деца умираа во голем број од болести од кои и моите деца и децата кои вие некогаш ќе ги имате, не треба да ги имаат. Не сакаме да се вратиме во времето кога канцерот од било кој вид е смртоносна казна. Не сакаме да се вратиме во времето кога животот наспроти смртта беше чиста среќа.
Она што го сакаме како општество е најдобра шанса за да живееме најдолг и најздрав можен живот. Да уживаме со нашето семејство и пријатели. И понекогаш, треба да сториме нешто и за другите. И некогаш, тоа нешто е вакцина. Па ве молам, добијте ја вакцината која мене, и оние околу вас за кои се грижите, ќе ги заштити. Знам дека не сакате, но го барам тоа од вас секако. Ве молам, направете го тоа за мене.
Автор: Ејми Нилсен