Здравје

Бањање на бебето без плачење

Некои бебиња толку многу се плашат од вода, што почнуваат да врескаат штом ќе ја видат кадичката. Тој страв може да се почне веднаш по раѓањето, а некогаш се појавува ненадејно.

Сцената обично изгледа вака – бебето ја фаќа мајката или таткото, исплашено за својот живот, многу трепери и му течат потоци од солзи…. Што да се направи?

Најпрвин, вооружете се со трпение и бидете опуштени. Децата можат да почувствуваат кога сте напнати, па тоа само ќе ви одмогне во ситуацијата. Освен тоа, може да го направите и следното:

Почнете со празна кадичка
Можно е детето да се исплаши во моментот кога ќе ја види водата, па влегувањето во кадичката ќе биде полесно ако во неа има само играчки. Кога детето ќе се заигра, полека додајте малку вода. Потоа додајте и малку шампон и забавувајте се правејќи пена.

Користете ги истите играчки и надвор од водата
За да го олесните бањањето, добра идеја е детето да ги запознае играчките што се за во вода. Нека си игра со нив во текот на денот. На бебето ќе му биде интересно да види како истата играчка се однесува во вода и како на суво.

Бањајте се заедно
Влезете во кадата и бањајте се заедно со вашето бебе. Најважно е да се забавувате, така детето полесно ќе се опушти.

Заменете го бањањето со масажа
Ако никако не ви оди и бебето не сака да се смири, немојте долго да го мачите. Заменете го бањањето со освежување со влажно пешкирче и масажа со бебешко масло. Детето ќе се опушти и ќе ужива, а вие може повторно да се обидете утредента.

Сменете го времето на бањање
Најдете момент кога детето е најрасположено и тогаш обидете се да се позанимавате со бањање. Можеби сите ви велат дека најдобро време за бањање е пред спиење, но воопшто не мора да биде така.

Бањање во лабаво
Дали некогаш сте виделе слика од дете што се бања во лавабо? Или во мијалник? Секој родител има различен начин на решавање на проблемите, па нечија „луда“ идеја може да биде вашиот спас. Освен тоа, нема да ве боли грбот.

Таткото нека го бања детето
Поради силните раце на таткото, можеби детето ќе биде посигурно и постабилно кога е близина на вода. Ова е одличен начин и таткото да има свој ритуал со бебето.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top