Воспитување

Бабо, овде луѓето постојано брзаат и не велат „добар ден“

Бабо…
Тие продадоа сè.
Куќата веќе ја нема,
Ја нема.

Прво ги продадоа нивите на дедо,
Што со своја пот ги создаваше
И го исекоа она стебло од сливата,
Под кое изморен се одмораше.

Џеки е оставен некаде на село,
Да лута по улици и да мавта со опашот.
Се прашувам дали некој го храни,
И дали велат дека тоа куче е наше?
Ништо од нас таму не остана, освен него.

Од сите пари купија мал стан, тато беше среќен.
А мама горда – ние одиме во град.
Веќе не сме селани, велеше тато на ручек,
Во собата која нè задушуваше.
Мајка ми непрестајно пушеше,
А собата имаше 8 квадрати,
Ја нарекуваа дневна.

Велат овде ќе ни биде подобро,
Го направиле тоа за брат ми и за мене.
И не сфаќав како е тоа добро,
Срцето почнува полека да вене, а каде е тука радоста?

Гледав луѓе како шетаат облечени кучиња,
Расни, потстрижени, како да се натпреваруваат,
И ми беше жал за Џеки, толку ми недостига.

Ќе купиме бишон, рече мајка ми во еден момент,
А јас прашав каде ќе спие – немаме двор.
Не грижи се, ми рече – ќе спие покрај нас.

Зошто тогаш не го зедовме Џеки? Тој не е за во град, рекоа.
А ние сме? Бабо…
Овде луѓето постојано брзаат – и не велат добар ден.
Важно е само како си облечен, кој автомобил го возиш,
А не како си воспитан.

Дали погрешно си ме учела?
Сивилото толку ме задушува додека поминувам низ улици од смог,
Како животот преку ноќ се сруши,
Кога човек бега од коренот свој.

Се чувствувам како гранка која ја дувнал силен ветер,
Бидејќи стар е овој даб. Под ударот на ветрот не ја сочувал.

Зборуваат за перспектива, иднина, за тоа што е најдобро за нас.
Како да не помнат дека нам селото ни беше спас.
Бегаме од себе и ми се гади од тоа.
Ако има Бог, нека го вразуми светот.
Не градат орлите гнездо каде што ќе им речат,
Туку таму каде што го направиле својот прв лет…

Бабо…
Јас ќе се вратам.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top