Студија објавена во списанието „Просидингс оф д ројал сосајети“ покажа дека бабите можат да чувствуваат подлабока емотивна врска со своите внуци отколку со своите деца.

Студијата, спроведена од истражувачи од Универзитетот „Емори“, испитувала мозоци на 50 жени кои имале најмалку едно внуче на возраст од 3 до 12 години. Мозокот на жените бил скениран со помош на функционална магнетна резонанса, која ја испитува активноста на мозокот.

На жените им биле прикажани слики од нивното внуче, дете, анонимно дете и анонимно возрасно лице за да можат истражувачите да видат кои области од мозокот биле стимулирани во тој период. На бабите им биле дадени и прашалници за да го проценат нивниот однос со нивните внуци.

– Она што навистина доаѓа до израз е активирањето во областите на мозокот поврзани со емоционална емпатија. Ова покажува дека бабите се способни да го чувствуваат она што го чувствуваат нивните внуци кога комуницираат со нив. Ако нивното внуче се насмевнува, тие ја чувствуваат радоста на детето. Ако нивното внуче плаче, ја чувствуваат болката на детето – вели Џејмс Рилинг, антрополог и главен автор на студијата.

Истражувачите забележале дека кога бабите ги гледале своите возрасни деца, се активирала област од мозокот што укажува на когнитивна емпатија.

Емоционалната емпатија се однесува на тоа дека ги чувствуваме емоциите на другите, додека когнитивната емпатија е за разбирање на когнитивно ниво што чувствува некој друг и зошто.

– Малите деца веројатно развиле особини кои им овозможуваат да манипулираат не само со мозокот на нивната мајка туку и со мозокот на нивната баба. Возрасното дете го нема истиот фактор, па затоа можеби нема да предизвика ист емоционален одговор – додава Рилинг.

Извор



912

X