Брзиот живот на родителите не остава многу простор за соодветно управување на времето. Градинките се спас, но кога нема место во градинка, тука е познатиот баба-дедо сервис, кој всушност е и најдобрата опција, особено кога децата се помали и секој што го има на располагање е пресреќен и благодарен за драгоцената и несебична помош од своите родители. Затоа што, се разбира, тие се секогаш тука за нас и ќе ни помогнат кога и да е потребно ако можат: од најмали нозе до моментот кога ќе станеме родители.
Но, како да им покажеме на нашите родители колку сме благодарни за нивната помош, дали оваа благодарност треба да доаѓа понекогаш, па дури и секогаш, во форма на паричен надоместок?
Швеѓаните го знаат одговорот на тоа контроверзно прашање и според нив, тој е потврден. Имено, на почетокот на јули Шведска воведе посебен закон со кој им се овозможува на бабите и дедовците да добиваат соодветен паричен надомест за грижата за внуците, до три месеци во текот на првата година од животот.
Родителите префрлаат дел од своето родителско отсуство
Родителите можат да им префрлат на бабата и дедото дел од родителското отсуство. Родителска двојка може да префрли најмногу 45 дена на друг, а самохран родител може да префрли 90 дена.
Бабите и дедовците ги сакаат своите внуци и често не им е тешко да се грижат за нив кога и да треба, но фактот дека пензиите се мали, а ако сакате дадилка, би морале да ја платите, го наметнува прашањето дали би било во ред родителите да ги платат барем основните трошоци за чување дете.
Секако дека љубовта кон внуците е неизмерна, а има многу причини зошто децата треба да го поминуваат времето со бабите и дедовците, па јасно е дека и без никаков надомест не им е тешко да се грижат за нив и да се дружат со нив.
912