Воспитување

Баба објаснува зошто е штетно давањето премногу подароци на внуците

Бабите и дедовците имаат непроценлива улога во животот на нивните внуци. Бабата Диди, во таа насока, споделува корисни совети на „Инстаграм“. Сепак, едно од нејзините видеа предизвикало доста жестока дебата. Оваа баба објаснува зошто давањето премногу подароци на децата може да биде штетно. Таа објаснила дека не им носи подароци на своите внуци секогаш кога ги посетува, иако живее далеку од нив и ги гледа само неколку пати годишно.

Таа ја донела оваа одлука од повеќе причини. Прво, сфатила дека нејзините внуци веќе се опкружени со вишок работи и сака да ја почитува желбата на нивните родители да го намалат нередот во домот. Сепак, главната причина за нејзината одлука била желбата нејзините внуци да ги ценат нејзините посети поради неа, а не поради материјалните работи што ги носи.

„Се надевав дека внуците со нетрпение ќе го чекаат моето доаѓање и ќе ме опсипат со насмевки и прегратки наместо да брзаат да проверат што има во мојата торба“, рекла таа.

Своите тврдења ги поткрепила со студии.

„Истражувањата покажале дека децата што имаат помалку играчки се покреативни и подолго играат. Добивањето премногу подароци го зголемува самодеструктивното однесување. Вашите подароци ги прават среќни вашите внуци, но секој од тие подароци создава привремен излив на среќа и глад за повеќе“, истакнала таа.

Потоа додала: „Децата што постојано се опсипуваат со подароци се посклони кон долгови со кредитни картички и компулсивно купување. Да појаснам, се работи за повеќе подароци, никој не сугерира да не им давате подароци на своите внуци, јас на моите внуци им носам подароци во посебни пригода и за одбележување важни настани, но подароците при секоја посета или повеќекратните подароци во секоја пригода можат да направат повеќе штета отколку корист“.

Диди вели дека тоа не значи оти секогаш доаѓа кај нив со празни раце. Понекогаш носи книга за заедничко читање или друштвена игра. Нејзиниот фокус е насочен кон обезбедување љубов и внимание.

Мислењата за нејзиниот пристап се различни. Додека некои ја пофалиле едноставноста на која таа ги поттикнува другите баби и дедовци, други сметаат дека отишла предалеку.

„Имав баба каква што опишувате вие, секогаш ја гледав како скржавец“, напишала една личност.

„Живеам од другата страна на куќата на моите внуци и сепак секој пат им носам некоја ситница“, рекол друг.

„Мојата внука има многу играчки, но сепак е многу креативна“, вели трет корисник.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top