Една баба вегетаријанка прилично му се налутила на својот петгодишен внук. Откако му подготвила вечера без месо, тој одбил да ја јаде. Поради ова, таа го испратила в кревет гладен и сега се прашува дали згрешила.

Бабата објаснила на платформата „Редит“ дека нејзината ќерка има финансиски проблеми, па се вселила кај неа со четирите деца, кои се на возраст од пет до девет години.

„Јас сум вегетаријанец, па не готвам месо, а мојот најмал внук е пребирлив и не ја сака мојата храна. Ќерка ми готви неколку оброци неделно, но минатиот викенд излезе со другарките. Не се врати дома ниту до 21 часот, децата беа гладни, па им понудив ориз и зеленчук на пареа. Поголемите деца јадеа, но најмалиот внук ме молеше за пилешки медалјони“, напиша таа во воведот.

Иако бабата знае да прави медалјони од пилешко, сепак одбила и го замолила детето да почека мајка му да дојде дома.

„Тој се вознемири и ја фрли чинијата со храна, која се скрши. Ја собравме заедно, но тој беше вознемирен. Мајка му се врати дури во 23 часот, па тој заспа гладен”, додала бабата.

Кога нејзината ќерка конечно дошла дома, била многу вознемирена поради постапките на нејзината мајка.

„Таа ми рече дека сум можела да направам пилешко и да не го пратам гладен в кревет. Уште повеќе се налути кога слушна дека со мене ги чистел остатоците од скршената чинија. Па што требаше да направам?“, прашала бабата.

Многумина сметаат дека ако мајката планирала да остане до доцна со другарките, требало да подготви вечера за децата.

„Не е работа на бабата да ги храни внуците. Нешто си им понудила, тој не го сакал тоа. Во ред е, нема да умре“, напишал некој во коментарите.

„Ќерката не се јавила да каже кога ќе дојде, ниту оставила храна. Дали ти е лута? Каде е нивниот татко? Ако сакала да јадат нешто што децата го сакаат, требало самата да се погрижи за тоа“, вели некој друг.

„Таа е безобразна и треба да сфати дека е привилегија што воопшто сте ја пуштиле под вашиот покрив“, напишал трет.

Извор



912

X