Воспитување

Баба ги рангира своите внуци според заслугите

Мери Ла Морте, баба од Њу Џерси, станала вирална бидејќи ги рангирала своите внуци според тоа кој ѝ е омилен.

Претходно комичарот Ден Ла Морте ги запознал своите следбеници на „Тик-ток“ со храбрата „табла за рангирање“ на Мери,

– Таа има табла од лицата на 10. внуци на магнети и нè рангира од еден до 10 – објаснува Ден во видеото, што е прегледано повеќе од 2 милиони пати.

– Моментално сум на број 4, ова е највисокото место на кое сум бил. Но, само што направив две нови тетоважи… па сум нервозен што ќе направи тоа за мојот пласман – додава тој.

Ден бил во право што се чувствувал непријатно. Откако ѝ ги покажал своите нови тетоважи на Мери (85), таа се ужаснала и веднаш го поместила неговиот магнет на последното место.
Но, работите се подобруваат.

– Сега сум на третото место бидејќи баба е возбудена што е интернет-ѕвезда. Таа ми дава заслуга за тоа. Денот откако видеото на Тик-ток стана вирално, таа отиде и си ги среди косата и ноктите – вели Ден.

Според него, неговата братучетка Жаклин е број 1 затоа што купила куќа од другата страна на домот на Мери и цело време ѝ помага.
„Таа си го заслужува местото“, рекол Ден.

Џијана, ветеринар, е исто така омилена, вели тој, бидејќи Мери сака животни и ја цени „интелигенцијата“. Аријана е секогаш на дното бидејќи „има многу тетоважи“ и не се јавува доволно, открива Ден. Братучедот Џеси бил „златно дете“ додека не се преселил во Калифорнија и сега „плови во средината“.

Ден вели дека дрвената табла за рангирање е закачена во домот на Мери околу пет години и дека таа го сфаќа тоа „многу сериозно“.

– Некои луѓе се вознемируваат и велат: „Не можете да ги рангирате вашите внуци“, но, сите ние сме возрасни – изјавил Ден.

„Тоа е нејзиниот начин да нѐ натера да ја посетуваме. Строгата љубов е дефинитивно нејзина карактеристика“.

Автор: Рејчел Пола Абрамсон

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top