Игротека

Аутизмот направи да сфатам дека мајчинството не значи да го направиш реалност животот што си го замислил

Пред пандемијата да ја погоди Северна Америка, Кети Хит, мајка на три деца, со нетрпение очекувала да се врати на работа откако нејзиното најмало дете тргнало во градинка.

Откако со години целото време го посветила на одгледување и воспитување на своите деца, Хит била возбудена што ќе одвои време за себе и за своите професионални цели. Но, тогаш се случи пандемијата, менувајќи го животот онаков каков што го знаеме. Не само што било одложено почнувањето на нејзината ќерка во градинка, туку и нејзините два постари сина почнале да учат на далечина, практично преку ноќ.

– Кога почна пандемијата, одговорноста со училиштето и учењето падна врз мене. Секако, јас бев родителот што беше дома – вели Хит. Како и многу родители, Хит за брзо време ги приспособила сопствените цели во кариерата за да ѝ даде приоритет на безбедноста на своето семејство за време на пандемијата. Таа вели дека нејзиното најстаро дете, кое има 10 години, е најсвесно за тоа како пандемијата ги промени нивните животи.

– Беше разочаран и изнервиран од вирусот и од тоа што знае дека не можеме многу да направиме за да се спречи, освен миење на рацете. Тој е многу поповрзан со пријателите преку технологијата, така што тој дел беше полесен за него – вели таа.

Нејзината 4-годишна ќерка со нетрпение очекувала да тргне во градинка и да се дружи со новите другарчиња.

– Таа секогаш имаше пријатели кои беа пријатели на нејзините браќа и конечно имаше можност да има пријатели што ќе ѝ бидат врсници. Многу се разочара што не успеа да има свои пријатели – вели Хит.

Згора на тоа, запреа посетите од пријателите кога семејството почна со физичкото дистанцирање. Од сите нејзини деца, пандемијата најмногу влијаела врз нејзиното средно дете.

– Моето средно дете има осум години и тој е во аутистичниот спектар. Навистина напорно работи за да ги научи нијансите на пријателството и комуникацијата. Пандемијата најмногу влијаеше врз него затоа што ги изгуби сите воннаставни активности што му дадоа можност да ги вежба тие вештини. Кога сте во спектарот, веќе сте прилично изолирани, па ова ова уште повеќе го натера да оди чекор наназад. Жалосно беше да се види тоа бидејќи е дете што сака да излегува и ги сака врските со пријателите – вели Хит.

Таа, исто така, додава дека нејзиниот син требало да има неколку процени поврзани со неговиот аутизам непосредно пред пандемијата.

– Беше време за ажурирање на неговиот напредок, да се види до каде е сега и што се промени. Сè уште не сме во можност да го направиме тоа, што е жално и за него и за неговите наставници – вели таа.

Исто така, нејзиниот син одел на часови по пливање кои помагале за неговата безбедност и грубата моторика, како и во неговата социјализација. Но, часовите биле откажани поради пандемијата.

– Сака да биде покрај другите деца и многу учи гледајќи ги другите луѓе. Тоа за него е неверојатно искуство за учење, а сега го нема. Му недостига- вели таа.

За време на пандемијата, Хит најде нова страст за нејзините професионални и лични цели: таа стана застапник за зголемување на свеста за аутизмот.

– Дијагнозите за аутизмот навистина се зголемија во изминатите неколку години така што има многу повеќе родители кои доживуваат работи што јас ги доживеав. Открив дека споделувањето на мојата приказна со другите е нешто што ме закрепнува – вели таа.

– Аутизмот направи да сфатам дека мајчинството не значи да го направиш реалност животот што си го замислил. Станува збор за соочување со вашите најголеми стравови и предизвици, додека љубовта кон вашето дете станува посилна. Мојот страв се префрли од појавување од место каде што нешто очекувам до место каде што прифаќам. Можеби ги немам сите одговори, но се потпирам на мојата интуиција.

Иако пандемијата ѝ донесе разочарување поради одложените професионални цели, Хит сега вели дека ја исполнува тоа што им помага на семејствата од целиот свет.

– Колку повеќе мојата порака излегува, толку се чини дека стигнува до родителите од секакви семејства – вели таа.

Извор

Поврзани написи

To top