Игротека

Архитектонско студио објави шаблони за децата да можат да направат градови од хартија

Меѓу многуте нови иницијативи создадени за децата да се забавуваат за време на изолацијата, овој подвиг е совршен за младите ентузијасти што ја сакаат архитектурата.

Британското студио за архитектура „Фостер + Партнерс“ објави серија архитектонски предизвици за деца, како што се градење хартиен облакодер или создавање град.

Шаблоните за предизвиците беа споделени на официјалната веб-страница на „Фостер + Партнерс“. Компанијата ги охрабрува децата да ги споделат своите креации на социјалните мрежи користејќи го хаштагот #architecturefromhome.

– Во текот на следните неколку недели ќе споделуваме нови активности за деца додека тие се дома и не одат на училиште. Ќе вклучуваме цртање, создавање, играње, размислување, читање, гледање и други активности за да ги забавуваме неколку часа – пишува на веб-страницата на „Фостер + Партнерс“.

Повеќе активности можете да најдете ТУКА.

Фотографии: Foster and Partners


Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top