Сексуални предатори демнат на плажите, а бројките покажуваат дека се зголемуваат случаите на експлоатација на деца за порнографија. Во 2020 година се регистрирани 227 такви случаи, а минатата година дури 460, па Центарот за исчезнати и злоупотребени деца од Хрватска започна кампања за носење костими за капење на децата на плажите и базените.
– Скриени камери во шишиња, фрижидери, мобилни телефони, хемиски пенкала, сите тие се начини на кои сексуалните предатори демнат на плажите – велат од Центарот.
Во соработка со ПУ на Истра и Сплит-Далмација предупредуваат дека најдобар детски костими за капење е оној што се носи. Со други зборови, родителите не треба да дозволуваат децата да бидат голи на плажа.
– Со тоа ќе спречите вашите деца да станат жртви на сексуални предатори кои тајно снимаат голи деца, создаваат несоодветна содржина и потоа ја дистрибуираат и заработуваат од неа – велат од Центарот за исчезнати и злоупотребени деца.
912