Игротека

Анкета: Кога научи да чита вашето дете?

За секое дете што тргнало во прво одделение, учењето на читањето и пишувањето е еден од најголемите предизвици. Она што родителите треба да го знаат е дека пред поаѓање во прво одделение децата не мора да знаат да читаат и да пишуваат. Сепак, сведоци сме дека некои деца ја совладуваат оваа вештина многу порано, додека спротивно, многу деца имаат проблеми со читањето дури и подоцна, во второ и трето одделение.

Децата што уживаат во читањето и почесто го практикуваат имаат подобро општо знаење, поголем вокабулар и подобри резултати на тестовите од оние што не читаат, затоа е важно да ги мотивираме да вежбаат читање.

Деца.мк состави анкета со цел да откриеме на која возраст почнало да чита вашето дете и што најмногу сака да чита.

По случен избор, тројца од учесниците на анкетата ќе добијат подарок од „Светот на Биби“. Ги очекуваме вашите одговори.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top