Дали да се вакцинира детето со задолжителните вакцини во Република Македонија е дилема на многу родители. Антивакциналните кампањи, според кои вакцините предизвикуваат низа болести, го намалуваат опфатот на вакцинирани деца, па според епидемиолозите, немаме колективен имунитет за одредени заразни заболувања, па тие може лесно да се шират.
Кој е вашиот став и кои се вашите аргументи ЗА или ПРОТИВ вакцинирањето?