Деца.мк во соработка со Kaspersky ви ги пренесува искуствата на нашите познати личности и начинот како тие се справуваат и соочуваат со безбедноста на нивните деца на интернет. Пејачката, виолинистка и доцент на Факултетот за музичка уметност – Андријана Јаневска вели дека во нивниот дом нема строги ограничувања кога и колку долго Димитар и Кристијан можат да користат дигитален уред

Живееме во 21 век. Ако децата доволно време поминуваат со другарчињата, имаат други дневни физички активности надвор, не гледам причина да не користат таблет или компјутер, вели Андријана Јаневска, пејачка, виолинистка и доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа е мајка на седумгодишниот Димитар и на Кристијан, кој има три години. И самата е љубител на современите технологии и смета дека користењето дигитални уреди не може да биде штетно ако е во умерена доза.

Кристијан (лево) и Димитар најчесто си играат надвор

– Родителите ми купија компјутер кога имав 5 години и многу добро ги разбирам моите деца кога сакаат да играат на телефон, таблет или на компјутер. Како дете најчесто играв игри (puzzles или игри со возење), но ме интересираа и основите на програмирањето. Доколку родителот има контрола врз тоа што гледа и игра детето, сметам дека не постои никаква опасност. Напротив, многу игри им ја развиваат интелигенцијата, способноста за брзо мислење, снаоѓање, решавање проблеми, борбеност, упорност итн. – вели Јаневска.

Буквално секој ден возиме велосипеди

Во нивниот дом нема строги ограничувања кога и колку долго Димитар и Кристијан можат да користат дигитален уред. Андријана вели дека никогаш не мерела и е опуштена по тоа прашање.

Андријана Јаневска со Ушле, Маја и Бруно, кои се дел од семејството

– Од пролет до есен, по училиште/градинка одиме на лулашки или во парк. Буквално секој ден возиме велосипеди, играме низ двор со нашите домашни миленичиња, мачката Марио и кучињата Ушле, Маја и Бруно. Трипати неделно одиме со децата на пливање, останатите два дена на музичко, па вечерта кога ќе се прибереме, играат на компјутер/таблет/телефон. И јас секој ден играм со нив, се натпреваруваме или заедно поминуваме некое ниво. Токму затоа што не се оптоварени, сами по извесно време го оставаат компјутерот и сакаат да цртаме, боиме, да играме со коцки, колички итн. – објаснува таа.

Кристијан и Димитар со мачето Марио

На прашањето како почнал нивниот интерес за интернет, Андријана вели дека веројатно се случило спонтано.
– Сепак сме 21 век и доколку детето поминува доволно време со другарчињата, има и други дневни активности надвор, не гледам причина да не користи таблет/компјутер. Технологијата има многу повеќе позитивни отколку негативни страни – децидна е таа.

Ако е умерено, не е штетно

На прашањето како реагираат Димитар и Кристијан кога родителите ги начекале како гледаат содржини на интернет што не се за нивна возраст, Андријана објаснува дека тоа најчесто се видеоигри на „Јутјуб“ во кои има агресија.
– Тогаш разговараме и сфаќаат дека тоа не е добро за нив, дека ќе сонуваат лоши соништа, ќе се плашат итн. Потоа самите не сакаат да ги гледаат – вели Јаневска.

Христијан и Димитар со родителите секој ден возат велосипеди

Во моментот тие не користат некоја посебна дигитална алатка или софтвер за контрола и заштита на децата од несакани содржини во мрежата.
– На поголемиот син му отворив профил и лесно можам да следам што гледал и што играл. Помалиот гледа и игра на мојот телефон, така што и тој е под контрола. Заклучокот е дека сè додека е во умерена доза, не е штетно. 🙂

Kaspersky Lab e основан во 1997 година како интернационална лабораторија за изработка на ИТ-безбедносен софтвер. Седиштето на Kaspersky Lab е во Москва, Русија.
Kaspersky Safe Kids е достапен на македонскиот пазар по симболична цена од 950 денари за цела година, а лиценцата може да се користи за повеќе мобилни уреди во семејството. Во моментов е актуeлна промоција на Kaspersky Safe Kids, го добивате гратис доколку купите еден од производите Kaspersky Anti Virus, Kaspersky Internet Security, Kaspersky Total Security – Multi-device, Kaspersky Internet Security for Android. Листата со локации на продажни места на Кабтел на кои можете да го набавите овој софтвер е достапна на следниот линк: http://kabtel.mk/kaspersky_network.php

ШТО ПРЕТСТАВУВА KASPERSKY SAFE KIDS?

Kaspersky Safe Kids претставува софтвер кој обезбедува онлајн-заштита на децата при користењето мобилни уреди или компјутери.

Инсталирајќи го Kaspersky Safe Kids на мобилните уреди или компјутери на вашите деца, вие ќе можете:

  • Да ги заштитите вашите деца од опасни и несоодветни информации на веб;
  • Да управувате со користењето апликации (дозволени/дозволени одредено време/ забранети);
  • Да го контролирате времето што вашето дете го поминува во користење мобилни уреди или компјутери;
  • Да ги следите објавите на „Фејсбук“ во кои е споменато вашето дете и да ги гледате измените во листата на неговите пријатели.
  • Да добивате известувања за локацијата на вашето дете, како и известувања кога детето ќе ја напушти дефинираната зона;
  • Да добивате статистички податоци за повици и пораки (достапно само на андроид-уредите);
  • Да ги видите деталните извештаи за онлајн-активностите на вашето дете;

400 милиони корисници на глобално ниво!!!



912

X