Игротека

Американка роди момче тешко речиси шест килограми – погледнете како изгледа бебето

Американката Шелби Мартин родила бебе тешко речиси шест килограми во болницата во Нешвил, а нејзината објава привлече огромно внимание на социјалните мрежи.

Таа со царски рез го родила момчето Касијан, кој тежел 5,8 килограми. Ова е најтешкото бебе родено во болницата „Тристар сентениал вименс хоспитал“ во последните три години.

– Кога луѓето зборуваат за тоа како е да се има големо бебе, мислат дека не знам ништо за тоа. Верувајте ми – знам – напиша Шелби во објавата.

– Изразувам посебна благодарност до жените што се грижеа за мене и ми помогнаа да се снајдам по царскиот рез, како мајка која првпат раѓа на тој начин. Голема благодарност и до тимот од интензивна нега што се грижеше за нашиот голем дечко кога јас не можев. Никогаш нема да ве заборавам – напиша таа.

Интересно, Шелби го родила Касијан токму на својот роденден и вели дека тоа е најубавиот подарок што некогаш го добила.

Извор

Поврзани написи

To top